Погрешно го чувате кромидот и затоа ви се расипува – ставете го во овој еден дел од домот и ќе биде свеж дури 6 месеци!
Дали знаевте дека повеќето луѓе ги чуваат кромидите погрешно и така ги фрлаат парите? Кромидот, секојдневна намирница во македонските кујни, најчесто завршува во фрижидер, но токму таму најбрзо се расипува. Ако почнат да никнуваат, омекнуваат или појавуваат мувла – значи дека не се чуваат правилно!

Готвачот Jerry James Stone објаснува: „Никогаш не ги ставајте кромидите во фрижидер. Тие таму се расипуваат и омекнуваат, бидејќи не сакаат ладно и влажно. Фрижидерот е вистинска катастрофа за целиот кромид!“ Само исчистен и сечкан кромид може кратко да стои во фрижидер.
„На кромидот му треба суво, свежо и проветрено место. Не ги ставајте во затворени фиоки, туку во остави или подрум со добра циркулација на воздух“, советува Jerry. Заради влагата што ја испуштаат, ако нема проветрување – побрзо се распаѓаат. Исто така, никогаш не ги чувајте веднаш до компири, бидејќи си штетат меѓусебно.
Ако купувате кромиди во пластични кеси, извадете ги веднаш откако ќе стигнете дома. Пластиката ја заробува влагата и предизвикува мувла. Најдобро е да ги чувате во мрежа, корпа со дупки, или едноставно во оставата на проветрено место.

За краткорочно чување, кромидите можете да ги држите во чинија на кујнскиот пулт или во шкаф, ако ги користите за ден или два. За долго чување, идеално место е сув, темен и проветрен простор, на пример подрум или гаража. Така кромидот останува свеж и до 6 месеци!

Коментирај анонимно