Сепиите ПОЛОЖИЈА когнитивен тест наменет за човечки деца
Едно изненадувачко истражување докажа дека сепиите (главоноги организми) не се само чудни морски суштества, туку и интелигентни креации на природата кои успешно го поминале тестот на самоконтрола наменет за човечки деца. Можеби цел живот ги потценуваме животните, но ова истражување ги руши тие претпоставки.

Содржина:
Што е „маршмелоу“ тестот и зошто е важен за човечката и животинската интелигенција?
Класичниот тест на одложено задоволување најчесто се употребува за човечки деца: едно маршмелоу на масата – ако не го изедеш веднаш, по 15 минути ќе добиеш уште едно. Овој тест ја мери способноста да се планира за иднината и когнитивните вештини. Токму оваа едноставна задача сега е прилагодена и за животни, но наместо зборови, се употребуваат симболи и награди што ги разбираат.

Сепиите избраа да чекаат – интелигенција споредлива со шимпанза и гаврани
Научниците ги изложија шест сепии на специјално дизајниран тест: во аквариум со две комори – во едната малку помалку привлечна храна, во другата нивниот омилен жив рак – но, со одложено отворање. Сепиите научија дека симболот круг значи веднаш, триаголник по одредено време, а квадрат никогаш. Сите сепии во тестот ги одбраа омилените ракчиња, чекајќи дури и по 130 секунди! Ова е резултат споредлив со големомозочни видови како шимпанза, гаврани и папагали.

Најинтелигентните сепии се најтрпеливи
Во вториот дел од истражувањето, истите сепии беа тестирани за брзина на прилагодување: на кој симбол ќе добијат награда. Оние што најбрзо се префрлија на нов правилен симбол, беа и тие што најдолго чекаа за омилената храна. Доказ: сепиите поседуваат не само интелигенција, туку и висока самоконтрола. Но, зошто баш тие?
Истражувачите претпоставуваат дека оваа способност е поврзана со нивната стратегија на ловење – сепиите во природата долги периоди се маскираат и чекаат, а кога ќе се разоткријат се најранливи, па затоа вреди да се почека за најдобар плен.
Сепиите имаат меморија и создаваат лажни спомени
Иако не се социјални, не користат алатки и не создаваат резерви од храна, сепиите ја развиле оваа неверојатна способност заради своето специфично преживување. Најновите истражувања покажуваат дека сепиите имаат меморија слична на епизодична и можат да создаваат лажни спомени. Следната цел е да се утврди дали можат навистина и да планираат за иднината – нешто што досега им се припишувало само на луѓето.

I as well conceive thus, perfectly pent post! .
Коментирај анонимно