Поранешна учителка која стана ѕвезда на OnlyFans направи луд потег само за да спаси кучиња од сигурна смрт

Поранешната учителка што стана ѕвезда на OnlyFans, Кортни Тилија, во Лос Анџелес отвори непрофитна организација за спасување кучиња, а за да може да спаси уште повеќе, сега — како мажена мајка — почна да снима секс-сцени со мажи.

„Скоро реков: ‘Ај у п…’ и почнав да снимам порно со мажи. Премногу кучиња се во опасни ситуации, а спасувањето чини многу за јас да оставам пари на маса,“ изјави 38-годишната Тилија за The Post.

 

Досега атрактивната бринета снимаше видеа сама, девојка со девојка и содржина со својот сопруг.

Само во последниве две недели објавила три хардкор видеа со мажи што не се нејзиниот сопруг — и веќе заработила речиси 19.000 долари.

„Ова прво видео со друг маж, освен сопругот, ќе ми донесе повеќе од тоа што заработував цела година како учителка,“ вели Тилија, која како наставничка за деца со посебни потреби земала годишна плата од 36.000 долари.

До минатиот месец тврдеше за The Post дека не е подготвена да снима со други мажи, иако фановите упорно ја молеле.

„Не правам содржина со други мажи во моментов,“ рече тогаш. „Не сум таму.“

Непрофитната организација „Мини’с Матс“ ја води заедно со сопругот Ник, со кој е во брак 12 години. Од април досега, двајцата спасиле 50 кучиња од еутаназија.

„Голем дел плаќаме од наш џеб. Имаме три кучиња за кои не најдовме ни згрижувачи, ни посвоители. Плаќаме речиси 150 долари дневно за нивно чување. „Плус неколку итни медицински случаи, и фондот за спасување ни се испразни.“ објасни таа.

Родена во Аризона, Тилија има речиси половина милион следбеници на TikTok. Шест години предавала на деца со посебни потреби кои „не можеа да одат во јавни училишта затоа што беа физички агресивни.“

Таа студирала и за докторат, но „претседателот на факултетот дојде и ми рече дека нема да ми плаќаат за PhD бидејќи сум премногу млада и не можат да си дозволат.“

И сопругот ѝ бил учител, а во 2015 двајцата поднеле барање за банкрот поради 50.000 долари медицински долг за нејзина операција на колено, по повреда од фудбал.

Училницата ја напуштила во 2016 година, а со OnlyFans започнала во 2019. Иронија е што една третина од барањата од фановите ѝ се — токму сценарија со училници.

Тилија има и три свои кучиња — кои, според неа, воопшто не се вознемирени од тоа што снима жешка содржина.

„Навикнати се. Како: ‘А, мамичка прави нешто свое, ај под кревет.’“

  • Vsmoro DPMnse Severni напиша:

    i Grujo ima only fans :d heheh , milososki -pederko, Aca Lignja, mile mi tekna.
    Kaj gi sitkaat zadnicite na crnci 😀 e makedonijo makedonijo koj pederastii te vodat.

  • zarkovski напиша:

    НЕ-НОР-МАЛ-НИ

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *