Мистериозните сибирски кратери кријат тајна длабоко под земјата – дали ерупциите се само најава на нешто поголемо?
Повеќе од десет години откако првпат беа откриени чудни дупки во западносибирскиот пермафрост (постојано замрзната почва), научниците и понатаму се обидуваат да го откријат нивното потекло. Од експлозии на гас до удари од метеори – теориите не престануваат, а секоја нова дупка ја зголемува и загриженостa и восхитот.

Во 2014 година беше пронајдена првата огромна дупка на Јамалскиот Полуостров: широка околу 30 метри и длабока над 50 метри, со земја исфрлена околу неа како доказ за силна подземна експлозија. Ѕидовите ѝ биле толку стрмни што изгледале како да се ископани од машини. Ова беше почетокот на еден од најголемите геолошки мистерии на модерното време.

Тимот на геонаучници од Универзитетот во Осло, предводен од Хелге Хелеванг, истражи зошто вакви кратери се појавуваат исклучиво на Јамал и Гидан, но не и во други арктички региони со пермафрост. Тие тврдат: „Ако процесите во самата пермафрост беа причинители, кратери би требало да има насекаде каде има гасни хидрати или замрзнати слоеви – но тоа не се случува.“ Потребните гасни шуплини за толкава експлозија не можат да се создадат само преку процеси на замрзната земја.

Истражувањето покажува дека потребната сила за ерупција не доаѓа само од горните слоеви, туку од топлина и природен гас од длабоките раседи под пермафростот – истите оние кои го прават овој регион еден од најбогатите со природен гас во светот. Климатските промени придонесуваат, бидејќи топењето на површината создава потенок покрив преку кој подземниот гас на крајот пробива.
Иако новиот модел нуди појаснување и потенцијално решение за настанокот на кратерите, потребни се дополнителни реални мерења и потврди. Дали конечно ќе ја откриеме длабоката вистина за овие кратери или неочекувани откритија допрва следат? Ова истражување е објавено во списанието Science of the Total Environment.

Коментирај анонимно