Жена од Вирџинија го праша ChatGPT за броеви од Powerball и освои 150.000 долари – Може ли среќата да се програмира?
Кери Едвардс, вдовица од Вирџинија, освои огромна сума на лотаријата Powerball – и тоа со броеви избрани од вештачка интелигенција ChatGPT. Оваа неверојатна приказна го крши сè што мислиме за среќата и технологијата.

Кери се појави на прес-конференција и објасни како едноставно го прашала ChatGPT дали има добитни броеви за неа. Не очекувала ништо посебно – но неколку дена подоцна добила шокантна објава на телефон: освоила 150.000 долари!
Кери освоила бидејќи погодила четири од петте броеви, плус Powerball бројот. Наместо да ги задржи парите, таа одлучи целата добивка да ја донира на неколку добротворни организации: Navy-Marine Corps Relief Society, Shalom Farms (непрофитна организација за храна) и Association for Frontotemporal Degeneration (која финансира истражувања за деменција што му го одзеде животот на нејзиниот сопруг минатата година). „Чим го добив ова божјо дарување, знаев што точно треба да направам. Сè ќе донирам, бидејќи сум благословена, и сакам вака да инспирирам и други да бидат дарежливи кога ќе добијат нешто во животот“, изјави таа.
ChatGPT реално не може да предвиди добитни броеви, туку само предложи случајни. Кери едноставно имаше среќа. Ова не е единствен ваков случај: Во 2023 година, Тајланѓанец тврдел дека му помогнал ChatGPT да освои 59 долари. Италијански студенти дизајнирале алгоритам кој наводно добил 50.000 долари – но системот на лотаријата не може да се надмудри, барем не константно. Реалноста е дека шансите се минимални, и апликациите кои ветуваат добивки со AI најчесто се мамки.
Без разлика на сите технолошки чуда, освојувањето на лотарија со помош на вештачка интелигенција останува исклучителна реткост – шансите се на ваша штета. Играчите треба да запомнат: лотариите и казината се создадени за да профитира куќата. Вашата вистинска добивка е да ја негуваат солидарноста и добрината, како Кери.

Коментирај анонимно