Новите вертикални концерти со социјално растојание се иднината на забавите, а Украинците го започнаа трендот
Во пост-пандемичен свет, строгите рестрикции и забрани за концерти предизвикаа вознемиреност кај голем број на луѓе. Сепак, во Украина, една генијална идеја овозможи одлична забава. Никогаш зборовите „социјално растојание“ немаа таква сеприсутна употреба. Сите се обидуваме да се вратиме во „нормала“ почнувајќи од кино и концерти.

Токму сега, преполна концертна сала би донела кошмарни последици. Исто така, напорите за спроведување дистанцирање меѓу присутните ќе бидат прилично тешки. Еве го решението: вертикални концерти.

Украинската рок група О.Торвалд оттогаш изведе еден од првите вертикални концерти во светот, настапувајќи на покривот од хотелот Братислава во Киев. Наместо да купуваат билети за шоуто, обожавателите резервираа соби во хотелот, со дозвола до четири лица на секој балкон со поглед на бендот. Концертот бил прилично успешен па затоа хотелот Братислава има закажано уште два вакви концерти во август, Пианобој на 8 август и Скрибан на 15 август.
Времето ќе каже дали светот ќе ги следи стапките на Источна Европа.
