Дали древните Египќани навистина поставувале стапици во пирамидите?

Археолозите конечно ја рушат популарната слика за пирамидите, како места исполнети со кобни пречки и смртоносни замки – откривајќи дека сето тоа е мит, а не реалност од ерата на фараоните!

 

Дали древните Египќани навистина поставувале стапици во пирамидите?

Нема докази за механички замки во пирамидите, велат истражувачите

Рег Кларк, експерт за заштита на египетските гробници, истакнува: „Не постојат вистински докази за сложени механизми, скриени јами со клинци или мрежи, како што се прикажуваат во филмовите и видеоигрите“. Археолозите не пронашле ништо што укажува на митските смртни замки што ја будат имагинацијата на современиот човек.

Масивност, камени блокови и лажни премини наместо замки

Вистинската заштита на фараонските гробници била во самиот дизајн: дебели ѕидови, огромни количества цврст материјал и генијални архитектонски пречки. Ролф Краус, истражувач на пирамидите, објаснува: „Пирамидите користеле масивни блокови кои ги штителе тајните комори. По погребот, премините се затворале со камен, а дел од коридорите воделе во ќорсокаци – за да ги збунат крадците“.

Ниту најсилните мерки не ги спасиле пирамидите од ограбување

И покрај сите мерки, речиси сите пирамиди биле ограбени уште во древни времиња или средниот век. Најдраматичен пример е Големата пирамида на Куфу, која била повеќе пати цел на кражби. Затоа во подоцнежните времиња се преминало на изградба на подземни гробници во Долината на Царевите, но и тие биле жртви на кражби, освен гробницата на Тутанкамон.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *