Неочекуван пораз: 30 од најдобрите математичари во Светот не успеаја да ја победат вештачка интелигенција
Елитата на светската математичка фела се собра на тајна и драматична средба во Беркли, решена да го надмудри најнапредниот AИ досега. Но, токму таму математичарите се соочија со иднината на науката – и беа поразени со леснотија која ги остави сите без зборови.

Кен Оно, еден од најреномираните математичари на планетата и водечки судија на натпреварот, отворено призна: „Не бев подготвен да се борам со ваков AИ. Ова е застрашувачки.“ За резултатите, Џек Кларк од Anthropic додаде: „Ова беше средба со вонземска интелигенција.“

Моментот што ги потресе сите: AИ не само што ги реши екстремно сложените задачи, туку тоа го стори „со дрскост“ и коментираше: „Не се потребни референци, бидејќи го открив тој мистериозен број!“
Најстрашниот дел: За 10 минути, ботот реши проблем на ниво на докторат за кој би му биле потребни човечки недели. Прво, ја проучуваше литературата, тренираше на поедноставен пример и потоа ја совлада главната задача.

Секој пат кога АИ нема да реши задача, влогот беше 7.500 долари. Од стотици обиди, математичарите успеаја да го излажат ботот само 10 пати… Експертите дадоа своја проценка: „Ова го прави она што би го направил одличен докторант – и уште повеќе.“
Џек Кларк потсети: „Сетете се на 2020 кога сите се чудеа што GPT-3 умее (со грешки) да собира трицифрени броеви. А каде ќе бидеме за неколку години?…“ Дали и понатаму мислите дека АИ е само случаен „папагал“? Повеќе од 30 математички гении почувствуваа што значи да се соочиш со иднината на науката првпат.

Коментирај анонимно