Научниците создадоа најмоќен постојан магнет на земјата – неговата сила достигнува неверојатни 1 милион гаус!

Научници од Националниот центар за магнетски лабаратории во Талахаси, Флорида, поставија нов рекорд: тие создадоа најсилниот постојан магнет на Земјата со магнетно поле од околу 1 милион гаус (10^5 Tесла). Ваков пробив засекогаш го менува разбирањето на можностите на современата наука.
За споредба, магнетното поле на Земјата е околу 0,5 гаус, а силните магнети во болничките MRI скенери достигнуваат околу 30.000 гаус (3 тесла).
Новиот магнет е повеќе од 30 пати посилен од најмоќните MRI магнети – нешто што досега беше незамисливо за постојан магнет.

Научниците создадоа најмоќен постојан магнет на земјата – неговата сила достигнува неверојатни 1 милион гаус!

Клучната тајна зад овој успех е ладењето на магнетот до екстремна температура од приближно –198° Целзиусови степени. Со тоа се спречува прегревање и оштетување на уредот, па експериментите може да се одвиваат подолгорочно и контролирано.

Овие извонредно силни магнети им овозможуваат на истражувачите да го проучуваат однесувањето на електрони надвор од стандардните услови. Тоа води до нови откритија во основната физика и создавање на технологии за управуванa нуклеаренa синтезa, потенцијално револуционизирајќи ја енергетиката.

Постојат и посилни, но краткотрајни мангнетни полиња: Руските физичари во 2001 година добија 2800 Тесла, но ја разнесоа својата опрема поради огромните сили. Ваков тип експерименти доведуваат до вкупно уништување на уредите поради екстремната привлечност и одбивност на магнетното поле.

Истражувањата на вакви интензивни магнетни полиња овозможуваат нови перспективи во изучувањето на материјата, развојот на нови материјали и иновативни концепти за управување со енергија. Тие се основа за напредокот на електрониката, материјалонауката и индустријата на иднината.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *