Неверојатно! Куче вози електричен скутер низ улиците во Кина и го шокира светот (видео)

На социјалните мрежи се појави видео од куче од југозападна Кина, кое вози електричен скутер со четири тркала – и буквално ги шокира сите свои гледачи. Овој талентиран пес не само што знае да вози скутер, туку може и да вози скејтборд, да вклучува светла и дури да изнесува ѓубре.

Неверојатно! Куче вози електричен скутер низ улиците во Кина и го шокира светот

 

Видеото направено во градот Меишан, во провинцијата Сечуан, го покажува црниот Лабрадор како стои исправено на скутерот, ги држи рацете шепите на воланот, лае и оди по патот. Возилото се движи стабилно и право, додека покрај него поминува пикап возило.

 

Во видеото, случаен минувач шокирано извикува: „Мора да гледам нешто што не е реално. Куче вози!” Гледачите останаа во неверување пред вештините на ова животно.

Според локалниот медиум Flash News, сообраќаен полицаец го сопрел возилото и кучето. Сопственикот вели дека ова не е единствен талент на неговото милениче: го научил да вози скејтборд, да го пали светлото, па дури и да го изнесува ѓубрето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *