Децата стануваат жртви на вештачка интелигенција – нов закон бара целосна забрана на малолетниците да користат AI чет-ботови

Драматичен предлог-закон сака да ги спречи децата да комуницираат со AI чет-ботови. Сенаторите Џош Холи и Ричард Блументал посочуваат шокантни случаи на повредени и загинати малолетни како резултат од интеракција со неконтролирани AI чат-ботови.

Децата стануваат жртви на вештачка интелигенција – нов закон бара целосна забрана на малолетниците да користат AI чет-ботови

Истражувањата на Common Sense Media покажуваат дека децата масовно користат вештачка интелигенција. Експертите предупредуваат дека чет-ботовите развиваат лажна емпатија и можат да ги поттикнат малолетните на самоубиство или самоповредување.

Законските измени бараат верификација на возраста и постојано потсетување од страна на чат-ботовите дека не се вистински луѓе и немаат професионални лиценци. Компаниите ќе се соочуваат со кривични и граѓански казни ако нивните ботови поттикнуваат сексуално или физичко насилство, самоубиство, или самоповредување кај деца.

Компании како Character.AI веќе се соочуваат со низа судски процеси. Родители тврдат дека нивните деца биле емотивно и сексуално злоупотребени од AI ботови, што довело до самоповредување или самоубиство. Платформата најави забрана за деца под 18 години за отворени разговори со ботовите.

„Имаме морална обврска— мора да донесеме остри правила што ќе ги заштитат децата од новите технологии“ – порачуваат авторите на законот. GUARD Act ветува строги мерки и борба против експлоатацијата на малолетните во дигиталната ера.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *