Пасторот Филип Иванов зборува за една важна и контроверзна тема: Демони, егзорцизам и лични искуства
Пасторот Филип Иванов е човек со децениско искуство во духовна служба, кој со храброст и автентичност зборува за реалноста на духовниот свет, реалност каква што ретко можеме да слушнеме дека постои и на тој начин да научиме повеќе за неа.
Ова не е разговор за сензации, туку за вистини кои ретко се осмелуваме да ги погледнеме в очи. Пасторот ја открива скриената динамика на духовното влијание, начинот на кој демонските сили можат да продрат во човековиот живот, но и патот кон ослободување и мир преку верата.
Во епизодата ќе слушнете автентични сведоштва и лични искуства, моменти на духовна конфронтација и победа, и ќе дознаете зошто егзорцизмот не е мит, туку вистинска духовна пракса со длабока смисла и сила.
Ова е една од ретките можности да слушнете отворен разговор за теми што обично остануваат во тишина – разговор кој може да ви го промени начинот на кој гледате на духовната реалност.

Slava na Boga Bravo Motika za Ova Vidi Poucno 🙏🙏🙏se nadevam
ke go gledaat Mladive Daj boze
Коментирај анонимно