Тренерот на Нигерија тврди дека неговата репрезентација загубила од Конго поради вуду магија

Нигериската фудбалска репрезентација загуби од Демократска Република Конго (1-1, 3-4 на пенали) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Селекторот на Нигерија, Ерик Шел верува дека претставник на репрезентацијата на ДР Конго користел вуду магија. По решавачкиот пенал, тренерот истрчал кон клупата на противничкиот тим и започнал тепачка.

„За време на изведувањето на пенали, човекот од Конго правеше вуду. Цело време. Беше свештеник или нешто слично… Па се налутив малку“, рече селекторот на нигериската репрезентација, Ерик Шел.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *