Ели Лили ја поместува историјата: Првата фармацевтска компанија што вреди над 1 трилион долари благодарение на револуционерните лекови за слабеење
Ели Лили стана првата фармацевтска компанија со пазарна вредност од над 1 трилион долари, како резултат на силната побарувачка за нејзините иновативни инјекции за намалување на телесната тежина.

Компанијата од Соединетите Американски Држави го достигна историскиот праг откако цената на нејзините акции порасна за 2 проценти, надминувајќи 1.060 долари на Волстрит. Ова ја смести Ели Лили во престижниот клуб на фирми вредни трилиони долари, каде се и технолошки гиганти како Нвидиа, Мајкрософт, Ајфон, Тесла на Илон Маск и Берктер Хатауај на Ворен Бафет.
Акциите на Ели Лили се зголемија за 47 проценти во последните шест месеци, откако компанијата успеа да се опорави од неуспехот во август, кога резултатите од тестирањата на експерименталната пилула за слабеење Orforglipron не ги исполнија очекувањата.
Компанијата е водечка пред основниот ривал Novo Nordisk, данскиот производител на Wegovy и Ozempic. Во последниот квартал, приходите на Ели Лили пораснаа за 54 проценти и достигнаа 13,4 милијарди фунти, за разлика од акциите на Novo Nordisk кои оваа година паднаа за 52 проценти.
Довербата кај инвеститорите е дополнително зголемена од кога замреа заканите за американски тарифи врз фармацевтскиот увоз, мерки кои беа во најава од претседателот Доналд Трамп.

Коментирај анонимно