Кој рече дека цел свет ги затворил границите за Македонците?
Можеби сѐ уште сме ограничени да патуваме во блиските земји каде што сме навикнале и не сакаме да бидеме подложени на тестови и карантин па затоа најголемиот дел од нас одлучија да го „одложат“ одморот или пак да посетат што е можно повеќе локации низ Македонија. Сепак Дарко Николов сподели дека Македонците можат да патуваат, ни повеќе ни помалку во Доминиканска Република со македонски пасош, без карантин и PCR-тест за коронавирусот.
Според Дарко амбасадата на Македонија во Берн им дозволила да транзитираат од Макеоднија низ Швајцарија и таму да фатат лет до Доминиканската Република во условите на пандемијата додека слободата на движење во Шенген зоната за државјани кои не се жители на земјите од Унијата не биде вратена. Дарко сподели и неколку фотографии од рајското место.