Оваа супа со брокула и кашкавал го освои интернетот – Приготвив и јас, а вкусот е неверојатен

Нема ништо подобро од топла, домашна супа кога надвор е студено и дождливо. Промената на времето е совршен повод да се стоплиме, а со декември пред нас, вистинско време е за едно вакво готвење во домашна атмосфера.
Она што ја прави супата посебна е нејзината едноставност – најчесто ви треба само зеленчук и малку време додека сѐ убаво да омекне во бујон. Токму рецептот за супа од брокула и кашкавал има над 20 милиони прегледи и веднаш ми го привлече вниманието.
Супата е полна со хранливи материи од брокулата и морковите, а благодарение на изобилството кашкавал таа има кремаст и богат вкус и заокружена текстура.
Морам да признаам, ова е една од најдобрите супи што сум ги пробала – би ја опишала како „ресторантски квалитет“. Лесна е за подготовка, неверојатно богата и прави доволно порции, кои со секој нов ден стануваат уште повкусни. Некои готвачи ја украсуваат и со крцкава сланина за дополнителен вкус.

Оваа супа со брокула и кашкавал го освои интернетот – Приготвив и јас, а вкусот е неверојатен

Сите состојки кои ви се потребни за совршена супа од брокула и кашкавал

Оваа супа е доволна за четири порции. Еве ги сите состојки што ви требаат, како и неколку измени што јас ги направив на оригиналниот рецепт.
Состојки:
– 1 глава кромид
– 3 чаши брокула (со стеблото)
– 2 моркови
– 3 чешниња лук
– 2 лажици маслиново масло
– 2 лажици путер
– 1-2 лажици брашно
– 800 мл бујон од зеленчук (2 коцки)
– 250 г изрендан кашкавал + уште малку за посипување
– 200 мл млеко
– 100 мл павлака за готвење
– Сол, бибер, лук во прав, кромид во прав (по 1 лажичка)
– (опционално) крцкава сланина и леб со лук за сервирање

Чекор по чекор: како да направите супа од брокула и кашкавал која ќе ги воодушеви сите

Најпрво, подгответе ги сите зеленчуци. Исечкајте го кромидот, изгмечете го лукот, грубо исечете ја брокулата (со стеблото) и изрендајте ги морковите. Во големо тенџере ставете маслиново масло и путер и оставете да се стопи на средна температура.
Додајте го кромидот и оставете неколку минути да омекне, па ставете сол, бибер, лук и кромид во прав – по една лажичка од секое. Смесата убаво промешајте ја и додадете го лукот.
По 30 секунди, додадете го брашното (јас мислам дека не ставив доволно, па не се згусна колку што сакав). Промешајте, па постепено додавајте го бујонот – јас ставив две коцки растворени во 800 мл вода. Поклопете и варете на средна тивка температура околу 15 минути. Додека се вари, испечете леб со лук за совршено комбинирање со супата.
Потоа, додајте го млекото и павлаката, на крај постепено додајте го ренданиот кашкавал (околу 250 г, плус малку за посипување при сервирање). Кога ќе се растопи, додадете ги брокулата и морковите. Поклопете и оставете уште 10 минути, додека брокулата не омекне. Сервирајте во чинии, посипете со кашкавал и послужете со топол леб од лук.

Чекор по чекор: како да направите супа од брокула и кашкавал која ќе ги воодушеви сите

Мал совет за дополнителен вкус – послужете ја супата со крцкава сланина и леб со лук

За автентичен ресторантски вкус, додадете малку рендан кашкавал на врвот и не заборавајте неколку парчиња крцкава сланина доколку не постите. Лебот со лук е идеален придружник, а супата ја добива целата своја кремаста и богата текстура со секое следно загревање.
Верувајте, оваа супа ќе стане вашиот нов омилен рецепт за ладни и дождливи денови.

Мал совет за дополнителен вкус – послужете ја супата со крцкава сланина и леб со лук

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *