Мајка се кае и признава: „Нежното родителство беше грешка. Одгледав вознемирени и разгалени деца“
Џеклин Вилијамс е мајка која храбро признава дека направила голема грешка во начинот на воспитување на своите деца. Наместо да добие смирени, свесни и среќни малечки, таа вели дека несвесно создала вознемирени, разгалени и претерано услужни деца кои не знаат да се носат со секојдневните предизвици.

Содржина:
- Сето започна со вербата дека е родителски пример за нежното воспитување
- Жал и солзи поради напорите да биде различна од сопственото детство
- Од попустлива кон авторитативна родителска улога уште со првите промени се појавија резултати
- Коментарите на другите родители ја отворија болната дилема за разликите помеѓу нежно и попустливо воспитување
Сето започна со вербата дека е родителски пример за нежното воспитување
„Ја валидирав секоја емоција, долго ги обработував чувствата, ја објаснував секоја граница, правев компромиси, избегнував строги казни. Мислев дека тоа е вистинскиот пат“ — напиша Џеклин на Инстаграм објаснувајќи го своето поранешно убедување.
Кога децата пораснаа, како што вели мајката, „нежните“ пукнатини почнале да се појавуваат. Едното дете било „вознемирено за сè (дури и при избор на ужинка), несигурно во своите способности, разгалено (секогаш за сè дебата), и емоционално нестабилно“. Другото, пак, се повлекло, претерано угодувало на другите и ги потиснувало своите чувства, оддалечувајќи се од сите.
Жал и солзи поради напорите да биде различна од сопственото детство
„Многу плачев“, признава Вилијамс. „Се трудев ТОЛКУ многу да направам сè правилно… да бидам поинаква од тоа што јас го имав како мала. Јас всушност не применував вистинско нежно воспитување… тивко се префрлив кон попустливо родителство, а да не забележам“, напиша таа, истакнувајќи дека многу добронамерни родители ја прават токму оваа грешка.
Од попустлива кон авторитативна родителска улога уште со првите промени се појавија резултати
Сега Вилијамс практикува авторитативно воспитување – модерно и научно поддржано комбинирање на „топлина“ и „структура“; со јасни граници, цврсти ограничувања и природни последици наместо бесконечни дискусии. „Набргу видов: помала анксиозност при одлуки, повеќе самодоверба да се испроба ново, помалку преговарање/разгаленост и подобра саморегулација“, објаснува таа.
Коментарите на другите родители ја отворија болната дилема за разликите помеѓу нежно и попустливо воспитување
Реакциите на видеото беа бурни: многумина родители си ги преиспитаа сопствените практики. Еден коментатор остро истакна: „Нежно воспитување не е исто што и попустливо воспиување. Нежните родители сепак поставуваат цврсти граници.“ Друг дополнително појасни: „Нежното воспитување е едноставно тоа да не ги тепате или да викате на вашите деца кога не се справувате со нив. Тоа не значи дека треба да им дозволите да прават што сакаат.“
На тоа Вилијамс одговара: „Постои ПРИЧИНА зошто нежното воспитување стои во наводници… поентата е да се покаже колку лесно може да се премине во попустливо родителство, особено кога животот ќе те згмечи.“

Коментирај анонимно