ФБИ алармира: 1,8 милијарди Gmail корисници се мета на нов бран опасни измами – жртвите остануваат без пари за миг

Во пресрет на празничната сезона, Федералното истражно биро (ФБИ) испрати силно предупредување до сите корисници на Gmail, Outlook и останатите електронски платформи – внимавајте на своите инбокси бидејќи интернет криминалци бесрамно празнат банкарски сметки.
Најновите податоци се шокантни: само во 2024 година Американците изгубија над 785 милиони долари во неисплатени и неиспорачани трансакции, а уште 199 милиони исчезнаа низ измами со кредитни картички.
Токму сега, во првите месеци од годината, бројот на пријави за измами нагло расте – тренд кој ФБИ го поврзува со потрошувачките навики и купувањата за празниците.

ФБИ алармира: 1,8 милијарди Gmail корисници се мета на нов бран опасни измами – жртвите остануваат без пари за миг

Четири најчести измами: Од неиспорачани производи до измами со картички за подароци

ФБИ предупредува дека четири видови измами се најраспространети во периодот на празници: неиспорака, неисплата, лажни аукции и картички за подароци.
Кај неиспорака нарачувате производ кој никогаш не ви стигнува. При неисплата продавате артикл, испраќате, а никогаш не добивате пари.
Аукциските измами маскираат лажни производи, а картички за подарок се бараат како исплата затоа што тие пари се речиси невозможно да се следат и вратат.

ФБИ ги советува граѓаните: Не отворајте сомнителни линкови, пазете на лажни известувања

Официјалните лица апелираат да не се кликнува на сомнителни линкови и прилози во е-пошта, веб-сајтови или објави на социјални мрежи. Справувањето со фишинг почнува со внимателно препознавање на пораки што бараат лични податоци или итно ажурирање на сметки и лозинки.
„Фишинг измамите и слични криминални шеми ве наведуваат да кликнете на линкови и да ги дадете вашите лични податоци, како името, лозинката и бројот на банкарската сметка,“ велат од ФБИ.
„Особено бидете внимателни ако компанија бара ажурирање на лозинка или информации за профилот. Побарајте го бројот на компанијата самите и јавете се лично.“

Измамниците не спијат: Зголемување на Account Takeover (ATO) измами со огромни финансиски последици

ФБИ алармира и за драстичен пораст на таканаречени ATO измами – преземање на профилите, каде сторителите се претставуваат како банки или финансиски институции и го освојуваат пристапот до вашите онлајн сметки.
Само од јануари 2025 има над 5.100 пријави со загуби повисоки од 262 милиони долари!
Измамниците глумат службеници или техничка поддршка и користат лажни пораки, мејлови, дури и телефонски повици, за да добијат доверливи лозинки и кодови за една употреба. Жртвите се наведуваат да ги откријат сите податоци за непречено преземање сметки и инстант трансфер на пари – најчесто преку криптовалути кои тешко се следат.

Како се одвива измамата? Манипулација, лажни сајтови и неоткриени трансфери

Измамниците создаваат фалсификувани веб-страници кои изгледаат идентично со вистински банкарски или платни портали. Некои дури користат реклами за да се појават на врвот на пребарувањата и да бидат посигурни за жртвите.
Откако ќе ги внесете вашите податоци, измамникот веднаш се логира, ја ресетира лозинката, ве заклучува од вашата сметка и ги трансферира средствата, често преку сложени патеки со криптовалути за да не бидат фатени.

Веднаш пријавете ја измамата: ФБИ советува како да ги минимизирате загубите

ФБИ препорачува – штом забележите измама, веднаш контактирајте ја вашата банка и побарајте поврат на трансакцијата. Исто така, побарајте документ Letter of Indemnity или Hold Harmless Letter.
„Брзото барање за повлекување на средствата и добивање на наведените документи може да ви ги намали или целосно да ги елиминира финансиските загуби,“ нагласуваат од агенцијата.
Непосредно пријавете ги сите лажни трансакции и преку ФБИ Интернет центарот за жалби за криминал (IC3).

Заштитете се: Променете ги сите компромитирани лозинки и известете ги релевантните служби

ФБИ укажува дека по секоја измама треба да се променат сите лозинки и пристапни податоци поврзани со нападот, вклучително и на другите профили каде се користат истите лозинки.
„Ако ја користите компромитираната лозинка на други онлајн профили, променете ја и таму,“ советува ФБИ.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *