Дали сте слушнале поголема глупост? Инфлуенсерка го менува датумот на раѓање на ќерка си само затоа што бил блиску до Божиќ
Инди Клинтон ја изненади и подели својата публика, кога откри дека донела сосема неочекувана одлука за најмалото дете, нејзината двегодишна ќерка Соул. 28-годишната инфлуенсерка на ТикТок објави дека решила да го промени датумот на раѓање на девојчето бидејќи паднал премногу блиску до Божиќ! Соул, која е родена на 18 декември, отсега ќе го слави роденденот една недела порано, а Инди отворено призна дека веќе донела конечна одлука и не ѝ треба ничие мислење.

Содржина:
Инди јавно призна: „Веќе сум решена — го преместуваме роденденот на 12 декември“
Во своето видео, Инди почна со зборовите: „Сакав да ве прашам за мислење околу нешто, ама веќе се имам решено, па ќе ви кажам што правам. Не ми е потребно ваше мислење, едноставно сакам да знаете.“ Таа додаде: „Третото мое дете… решивме да ѝ го смениме роденденот на 12 декември.“
Инди објаснува: „Едноставно беше премногу блиску до Божиќ по мој вкус и мислам дека понатаму таа никогаш нема да дознае дека сме го смениле. Се знае кога навистина се родила, ама никој друг не мора да знае.“ Таа призна дека не гледа никаква негативна страна. „Искрено, не можам да најдам причина зошто ова би било лошо.“

Некои ја поддржаа, други ја молеа да го премести уште повеќе
Следеа лавина од коментари. Еден фан праша: „Ова шега е?“, а друг додаде: „Не го прави ова Инди. Ќерка ти кога ќе порасне ќе треба да пополнува обрасци и нема да го знае вистинскиот датум на раѓање.“ Инди остана непоколеблива: „Кога ќе ни дојде таков момент, ќе мислиме тогаш.“ Некој друг предложи: „Нема потреба да го менуваш роденденот, славете го само на друг ден“
Меѓу реакциите имаше и поддршка од луѓе кои исто така се родени во декември. „Родена сум на 15 декември, и мислам дека 12 декември се уште е премногу блиску. Од лично искуство! Ако веќе го менуваш, премести го во ноември“, пишува еден следбеник. Друг додаде: „Роден сум на 22 декември, те молам, те молам СМЕНИ ГО! Овие споени подароци ќе ме уништат!“ Имаше и коментари: „Роден сум на Божиќ и прва година сум родител, ќе го сменам и мојот датум на раѓање хаха.“
„Нема начин формално да се смени датум на раѓање ако нема грешка во матичната евиденција“
Иако Инди ја сменила прославата на раѓањето на Соул, според службата за матични книги во Нов Јужен Велс, не постои начин формално да се смени датум на раѓање, освен ако не се работи за службена грешка. Покрај Соул, Инди и нејзиниот сопруг Бен Азар имаат уште две деца — Неви (5 години) и Бамби (3 години).

Коментирај анонимно