Скопје се гуши. Институциите молчат. Време е за блокада. Четврток, 25 декември, во 18:00 часот — пред Цементара Усје
Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам.
И ова веќе одамна не е прашање на мислење, туку на мерливи, јавни и проверливи податоци.
Со години слушаме исти изговори:
„Греење“, „сообраќај“, „временски услови“, а главниот проблем под тепих.
Во меѓувреме — граѓаните вдишуваат ситни честички кои директно убиваат.
Пред фактите и боговите молчат
Според јавно достапните податоци од глобалната платформа Climate TRACE, Скопје има јасно идентификувани извори на загадување со PM2.5, прикажани како облаци на емисија во реални услови.
Овие податоци:
-
не се од политичка партија
-
не се од „невладина по нарачка“
-
не се од локална институција под притисок
Тие се глобално верификувани, сателитски и алгоритамски обработени.
Супер-емитер во срцето на градот
Еден од изворите на PM2.5 во Скопје е означен како „супер емитер“ — што значи дека е меѓу 10% од најголемите загадувачи во светот, споредени со илјадници индустриски точки.
Станува збор за:
Цементарница Усје
-
Тип на индустрија: цемент
-
PM2.5 емисии во 2024: 186,46 тони
-
CO₂e емисии во 2024: 380.760 тони
-
Овој извор испушта повеќе PM2.5 од 93,7% од сите точкести извори што ги следи Climate TRACE на глобално ниво
Ова не е „локален проблем“.
Ова е јавно-здравствен аларм.

Screenshot
Ова веќе не е еколошка тема, туку здравствена криза
PM2.5 честичките:
-
навлегуваат длабоко во белите дробови
-
влегуваат во крвотокот
-
се поврзани со срцеви болести, мозочен удар, рак, астма и намален животен век
Зошто блокада?
Бидејќи:
-
институциите не реагираат соодветно
-
транспарентноста е минимална
-
јавноста не добива јасни одговори
-
загадувањето продолжува
Блокадата е последниот јазик што системот го разбира кога сè друго е игнорирано.
Јавен повик
ДОЈДИ НА БЛОКАДА ❗️❗️❗️
📍 На булкеварот пред Цементара Усје
🗓 Четврток, 25 декември
⏰ 18:00 часот
Ова не е протест „против некого“.
Ова е протест ЗА воздухот што го дишеме,
ЗА здравјето на децата,
ЗА правото на нормален живот во сопствен град.
Ако не излеземе сега —
ќе продолжиме да дишеме последици.

Коментирај анонимно