12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест била на забар и си направила нови дијамантски заби за да личи како ајкула

Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, повторно го привлече вниманието на јавноста. Овој пат, само на 12 години, таа се пофали со нејзиниот нов дијамантски украс за заби, специјално изработен од познатиот јувелир Џони Денг. Делот со ајкулата го разбираме, дете е, но дијамантите и луксузот и слободата да прави што сака на 12 години, не. Во време кога повеќето деца на нејзини години се занимаваат со училиште и детски живот, Норт се фотографира на Инстаграм додека позира во приватниот авион на нејзината мајка и носи тиркизни перики, целосна шминка и маникир со остри врвови. Ова е нејзиниот трет пост на профилот што го отвори пред помалку од една недела, а веќе собра речиси милион следбеници.

12-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест била на забар и си направила нови дијамантски заби за да личи како ајкула

Норт Вест покажува дијамантски ‘акулини заби’, дело на познатиот Џони Денг, на само 12 години

Во најновите фотографии, Норт без срам ги покажува скапоцените заби како главен моден додаток. Јувелирот Џони Денг гордо ги сподели фотографиите и напиша: ‘1/1 акули грилз со багет дијаманти. Добредојде во #flawlessgang.’ Овој скап украс далеку ја надминува возраста и нормалите за едно дете – одговорноста за вакви избори секогаш треба да биде кај родителите.

Норт Вест покажува дијамантски 'акулини заби', дело на познатиот Џони Денг, на само 12 години

Приватен авион, шминка и остри нокти: Луксузниот живот не е пример за ниту едно дете

Најновиот сет фотографии ја прикажува Норт Вест како позира во приватниот џет на нејзината мајка – ‘Kim Air’. Таа е облечена во бели тренерки, со хај-топ патики и синтетички тиркизен прамен коса, дополнета со целосна шминка, лажни трепки, сјај за усни и долги, зашилени нокти со 3Д дизајн. Со само 12 години, ваков изглед и претставување на социјалните мрежи не само што е прерано, туку и погрешен пример за цела една генерација.

Приватен авион, шминка и остри нокти: Луксузниот живот не е пример за ниту едно дете

Потенцијалната опасност од влијанието на социјалните мрежи врз деца, со родителска потпис

Норт Вест, освен што за кратко време собра над 800.000 следбеници и ги инспирира интернет славни личности да и коментираат, го управува својот Инстаграм ‘со одобрение на родителите’. Но, дали навистина децата треба да бидат на ваква сцена, претставувајќи луксуз и провокативен изглед, самите или со поддршка од нивните родители? Кога родителите не поставуваат граници, јавноста останува згрозена: „Таа има 12 години, ова не е слатко, само ја тресам главата“, е еден од коментарите под видеото во кое Норт и другарки носат лажни тетоважи, контактни сини леќи и септум пиерсинг. Одговорот на нејзината мајка? „Ова е таква небитна тема.“ Дали навистина е така?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *