Лек за мамурлак на Нова Година: Експертите откриваат која храна навистина делува

Дојде сезона на болни глави, но ако мислите дека зготвениот појадок ќе ве спаси, време е да размислите повторно. Експертите ги открија најдобрите јадења против мамурлак според нивната нутритивна вредност и она што го јаде Македонија – руска салата од вчера, се најде на дното на листата. Покрај тоа, тие предупредуваат дека мрсната, тешка и засладена храна ја влошува хидратацијата и може да предизвика замор. Ако уживате во гозбите за празници и се плашите од мамурлакот на први јануари, ова мора да го прочитате!

Лек за мамурлак на Нова Година: Експертите откриваат која храна навистина делува

На врвот е јапонската мисо-супа, а најлош избор е британскиот Full English

Јапонската мисо-супа со ориз и кисели зеленчуци, според истражувањето на тимот од апликацијата за здравје и исхрана Lifesum, е идеалниот избор по пијанка: содржи електролити, ферментирана храна, малку масти и влакна. Веднаш зад неа е корејската супа од зеленчук со ориз и кимчи, која нуди витамини, минерали и пробиотици. На третото место се најде лесната супа од риба и зеленчук од Шведска. На дното е класичниот англиски појадок, кој е преполн со заситени масти, малку влакна и над 1.000 калории по оброк – далеку над просекот за останатите јадења од 337 калории.

На врвот е јапонската мисо-супа, а најлош избор е британскиот Full English

Лесни супи и ферментирана храна се клучни за побрзо опоравување

Според Ребека Берецки, водечки дијететичар на Lifesum, ‘за побрзо опоравување после ноќна пијанка, фокусирајте се на хидратација и електролити – солени супи или супи богати со електролити многу поефикасно го обновуваат телото од мрсниот појадок’. Комбинирањето на лесен протеин со зеленчук помага за метаболичко закрепнување, додека ферментирана храна како туршија, кимчи или мисо ја подобрува работата на цревата. Дури и кога се ужива во потешки оброци, додавањето на хранливи и балансирани страни може значително да помогне.

„Чудотворните“ лекови за мамурлак немаат научна поддршка – најдобра превенција е умереноста

Истражувачите од King’s College London и South London and Maudsley NHS Foundation Trust велат дека нема силни научни докази дека модерните лекови како екстракт од каранфилче или црвен женшен помагаат против мамурлак. Единствениот сигурен начин за да се избегне мамурлак е да се избегнува алкохолот или да се пие умерено. Тие исто така предупредуваат дека пијалокот ‘hair of the dog’ (алкохолна пијачка наутро) може да биде опасен.

Различни пијалаци, различни мамурлаци: од црвено вино до текила – што навистина ни прават алкохолите

Не секој мамурлак е ист, и важна улога има видот на пијалок кој го избирате. Греаното вино, иако е омилено во празничните денови, поради шеќерите прави кризи со шеќер и замор, додека чистата текила од 100% агаве, ако не се претерува, речиси и не предизвикува мамурлак. Од друга страна, темните жестоки пијалаци како виски или темен рум се најризични и носат потешки симптоми како главоболка, гадење и болки во мускулите.

Црвеното вино води до специфичен тип на главоболка

“Главоболката од црвено вино е вид на мамурлак карактеристичен само за ова вино, чии состојки, тирамин и хистамин, предизвикуваат стеснување на крвните садови. Овие супстанци се и до 200% повисоки во црвеното отколку во белото вино,” објаснува д-р Зенон Андреу. Нутриционистката Кери Бисон препорачува органско црвено вино во мали количини, бидејќи може да биде поублажувачко за цревата.

Греаното вино ја пореметува рамнотежата на шеќерот, носи замор и несвестица

Иако греаното вино има понизок алкохол, високиот природен или додаден шеќер нагло ги крева и спушта шеќерите во крвта. Ваквите флуктуации носат главоболки, слабост, па дури и тресење. Нутриционистката Јалда Алауи советува: ‘Избегнувајте засладени алкохолни пијалаци, држете се до суви вина или шампањ, а ако пиете винтиџ вина, тие дури можат да помогнат за дигестијата поради корисните бактерии’.

Алкохолот го суши органзимот: научното објаснување зад мамурлакот

Д–р Кетрин Басфорд вели: ‘Кога пиете, алкохолот ја блокира продукцијата на вазопресин – хормонот што кажува на телото да задржува вода. Без тоа, водата веднаш се излачува преку бубрезите а организмот се суши. Главоболката утре е реакција на овие изгубени течности’. Дополнително, гадењето и слабоста се резултат на ниското ниво на шеќер и електролити кои се губат при пијанки.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *