Македонски политичар го учи Трамп како се води држава (виц)

Отишол македонски политичар на гости кај Трамп. Американецот сакал да му покаже што значи демократија. Се качиле на бина пред Белата куќа, Трамп го собрал народот и викнал:
– Од утре ќе ги качам цените на сите продукти за 10%!
Толпата веднаш:
– Бууу! Долу! Долу!
Летаат домати, јајца, цел хаос. Трамп се враќа насмеан:
– Ете, тоа е демократија. Тоа е слободен народ.
Македонскиот политичар го поканил на гости за да му покаже тој како се води држава.
Дошле во Македонија. Нашиот политичар го собира народот пред Влада и вели:
– Од утре цените на продуктите ќе ги качиме за 100%!
Тишина. Никој да зуцне. Нашиот продолжува:
– А задутре ќе ви го зголемиме и данокот за дополнителни 50%.
Пак тишина. Американецот не верува што гледа.
Од првиот ред еден стар дедо несигурно крева рака.
Трамп го прашува:
– Повелете, имате ли нешто да кажете?
Дедото:
– Пааа… јас од сабајле ништо не сум јадел… кога ќе ги делите сендвичите?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *