Царицата и овчар Ване од Берово (виц)
Царицата објавила натпревар: Кој ќе успее 20 пати за една ноќ со неа — добива половина царство. Кој ќе се обиде и нема да успее — ќе му летне главата.
Се собрале мажи од цел свет, пробуваат, се мачат… ама никој не стигнува ни до 10, а камо ли до 20.
На крај дошла вечерта и на овчарот Ване од Берово, не знаел да брои, ама си носи моливче за да бележи. Почнал Ване да ја работи царицата и секојпат кога ќе заврши — пишува една цртичка на ѕидот.
Стигнал до 18. Царицата се препотила и си мисли:
„Овој будалава ќе издржи, ќе ми отиде пола царство!“
И почнала додека Ване е занесен во работата, скришно да брише по една цртичка. Тој пишува – таа брише. Тој пишува – таа брише.
Во еден момент Ване ја фаќа на дело, скокнува и вели:
– Е, вака не може!
Нервозно ги брише сите цртички од ѕидот и вели:
– АЈДЕ ПАК ОД ПОЧЕТОК!!!

Коментирај анонимно