Во кој апсурд живееме? Марија Корина Мачадо, му го врачи својот медал за Нобелова награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп
Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, за време на вчерашната средба во Белата куќа му го предаде својот медал од Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Белата куќа потврдија дека Трамп ќе го задржи одликувањето. Самиот претседател на социјалните мрежи напиша дека гестот го доживува како знак на заемно почитување, наведувајќи дека Мачадо му ја подарила наградата за, како што вели, неговата работа и ангажман.
Мачадо средбата ја оцени како исклучително успешна, истакнувајќи дека медалот е симболично признание за поддршката што Трамп ја покажал кон слободата и демократијата во Венецуела.
Иако таа му го предаде златниот медал што им се доделува на нобеловците, од Норвешкиот Нобелов институт појаснија дека наградата формално останува во сопственост на добитникот и не може да биде пренесена, отуѓена или одземена.

После Жмицко, се опседнавте со Трамп… Абе, доста замарате со политика!!!
Коментирај анонимно