Карибите не се рај: Американските туристки преживуваат кошмар, силувања и криминал во посакуваните дестинации
Ресортите за деца, мирните плажи и тиркизните води направија Карибите децении наназад да бидат најпосакуваната дестинација за милиони Американци. Но зад рајската фасада, туристките се мета на шокантни силувања, убиства и грабежи што ги засенија сонцето и забавата. Само во 2025 година 17 милиони Американци ја посетиле оваа зона, а бројот на насилни инциденти е во пораст како никогаш досега, принудувајќи го Стејт департментот да воведе ниво 3 предупредување за патување за Јамајка – исто рамниште со воени зони како Газа. Последната недела, и за Гренада беше подигнато ниво на ризик, додека Бахамите и Туркс и Кајкос – одамна познати како безбедни и гламурозни, веќе се со слични совети – внимателност и размислување пред патување.
Содржина:
- Траумата на Алиша: На 16 години киднапирана од четириѕвезден хотел, силувана и оставена со закана за животот
- Како точно се случило киднапирањето и осумчасовното силување на Алиша Стиерман
- Осум часа пекол: Била заробена, дрогирана, постојано држана со нож, во стара колиба среде пуст остров
- Неразрешено и неказнето: Алиша по две децении се враќа по одговори, полицијата ја понижува и игнорира
- Криминалот не заобиколува никого: Блогерката Софија Молнар ограбена на плажа, полицијата бара поткуп
Траумата на Алиша: На 16 години киднапирана од четириѕвезден хотел, силувана и оставена со закана за животот
Алиша Стиерман си го раскажува хоророт како опомена за сите родители од Америка:
„Имам флешбекови. Имам тригери и уште сум трауматизирана,” изјави таа.
На само 16 години, додека била на семеен одмор на Бахамите, киднаперот ја зел откако останала сама пред луксузниот хотел, ја префрлил со чамец на пуст остров и таму брутално ја силувал во распадната колиба.
“Ако некому раскажеш, ќе дојдам по тебе и целото твое семејство ќе го убијам,” и рекол напаѓачот. Алиша денес апелира:
„Луѓето треба да знаат со каков ризик ги изложуваат децата кога не се внимателни и колку луѓето можат да бидат ужасни – еднаш некој може да ги избере нивните за последна жртва.“
Како точно се случило киднапирањето и осумчасовното силување на Алиша Стиерман
Во август 1995 година, Алиша била е одмор со семејството во Насау. Човек околу 40 години, преправен како инструктор за падобран и приоѓа пријателски тврдејќи ѝ дека:
„Ќе бидеме тука, блиску до хотелот.“
Ја убедува и ја носи до чамецот, а потоа летнува кон морето.
„Разбрав дека сум направила катастрофална грешка. Тој ме однесе на остров без жители, ми впери нож. ‘Можам да те убијам и да те фрлам во океанот, никој нема да дознае, или ќе соработуваш’, ми рече.
Размислував дека ќе умрам. Се обидував да бидам што помирна, само едно ми беше на ум – само да преживеам.”
Осум часа пекол: Била заробена, дрогирана, постојано држана со нож, во стара колиба среде пуст остров
„Стави кокаин на ножот до мојот нос и ми нареди да го вдишам или ќе ми го пресечел грлото.“
Го опишува мачењето:
„Брутално ме силуваше осум часа. Имаше торба со дроги, кондоми, сексуални помагала и сите тие ужасни работи.“
Алиша плаче додека се сеќава и денес. Сликата на празната барака и стравот остануваат длабоко врежани во нејзиното сеќавање.
Неразрешено и неказнето: Алиша по две децении се враќа по одговори, полицијата ја понижува и игнорира
И покрај сè, Алиша долг период молчела од страв дека полицијата нема да ја сфати сериозно. Силувањето се случило во 1996 година, а во 2017 се враќа на Бахамите за да бара правда. „Ме понижуваа, користеа тактики за срам и обесхрабрување. Сакав да пријавам, а тие ме тераа да се чувствувам виновна. Но, бев решена. Ми ги отфрлија тврдењата.“ Надлежните во 2024 година апелираа на „зголемено внимание“ дури и во ресортите, a според статистиката пријавите за сексуални злосторства (прва половина од 2025) се намалени на 87 од 125, но жртвите како Алиша сметаат дека повеќето не се пријавуваат од страв и срам.
Криминалот не заобиколува никого: Блогерката Софија Молнар ограбена на плажа, полицијата бара поткуп
Софија Молнар, светски патник и автор на блогот ‘The Always Wanderer’, вели дека патувањето во Доминиканската Република било „најстрашното искуство во мојот живот“. Таа и партнерот останале без сите вредни работи додека пливале во морето – камера, телефони, кредитни картички, клучеви од хотел, па дури и облека. Само iPad им останал, со кој преку апликација лоцирале еден од украдените телефони на црниот пазар. Наредната ноќ непознати се обиделе да провалат во нивната хотелска соба, па морале да ја забарикадираат вратата. „Полицијата ни го врати телефонот за 200 долари поткуп, другото никогаш не го добивме назад.“ Вели, никогаш повеќе нема да се врати на Карибите.

Коментирај анонимно