Човекот со кучето пред портите на рајот (виц)
Еден човек со своето куче одел по многу долг, пуст и исцрпувачки пат. Оделе, оделе — се измориле и тој и кучето. Одеднаш пред нив се појавила оаза: огромни порти, зад оградата музика, цвеќиња, жуборење на поток — идеално место за одмор.
– Што е ова? – го прашал патникот вратарот.
– Ова е рајот. Ти веќе си умрел и сега можеш да влезеш и да одмориш како човек.
– А има ли вода?
– Колку сакаш: фонтани, базени…
– А храна?
– Сè што ќе посакаш.
– Ама со мене е и кучето…
– Жал ми е, со кучиња не смее да се влезе внатре. Ќе мора да го оставиш тука.
Патникот го погледнал и само си продолжил натаму.
По некое време патот го довел до една скромна фарма. На портата седел друг вратар.
– Жеден сум – рекол патникот.
– Влези, во дворот има бунар.
– А кучето?
– Кај бунарот имало поилка.
– А за јадење?
– Има, ќе ве почестиме со вечера, со тоа што дал Господ.
– А за кучето?
– Ќе се најде и по некоја коска.
– А какво е ова место?
– Ова е рајот.
– Како рајот? – се зачудил патникот. – Малку погоре ми рекоа дека рајот е таму кај дворецот.
– Лажат. Таму е пеколот.
– И како вие го трпите ова лажење?
– Тоа нам многу ни користи – до рајот стигнуваат само тие што не ги напуштаат своите пријатели.

Коментирај анонимно