Ако „Титаник“ потонеше денес (виц)
Доналд Трамп:
— „Сведоци сме на невиден терористички акт.“
Путин:
— „Титаник не потона, туку учествуваше во водно-кинетичка операција.“
Волстрит:
— „Титаник е премногу голем за да го остават да потоне.“
Њу-ејџ гуру и автор:
— „На бродот нема дупка, освен ако не поверувате дека има.“
Христијан Мицковски:
— „Титаник немаше да потоне ако претходната влада работеше домаќински“
Зоран Заев:
– „Да му го сменевте името немаше да потоне“
Димитар Апасиев:
– „Несреќа? Не, другари: системска негрижа со премија за богатите.“
Бојко Борисов:
— „Потонувањето на бисерот на Блгарската флота е најголемата трагедија за нашиот народ во последните 8 илјади години.“
Случаен возач на Голф 2:
— „Не потона, брат… само му откажа пумпата. Да беше Голф 2 ќе пловеше уште 300.000 километри.“

Коментирај анонимно