Трамп, Путин и Давкова одат кај Господ (виц)

Трамп, Путин и нашата претседателка одат кај Бог.
Прв Американецот прашал:
– Господи, кога во светот конечно ќе завладее вистински капитализам?
Господ му одговорил:
– За многу години…
Американецот заплакал.
Бог го прашал:
– Зошто плачеш?
– До тогаш јас нема да бидам жив…
Потоа Русинот прашал:
– А кога во светот ќе настапи светскиот социјализам?
Бог одговорил:
– За многу, многу години…
И Русинот заплакал.
Бог повторно прашал:
– Зошто плачеш?
– До тогаш јас нема да бидам жив…
На ред дошла нашата претседателка:
– А кога Македонија ќе стане развиена, силна и без корупција?
Бог почнал да плаче.
Претседателката збунето го прашала:
– Зошто плачеш, дедо Боже?
Бог воздивнал:
– Затоа што… до тогаш ни јас нема да бидам жив…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *