Полицијата влета среде свадба, невестата е главен осомничен, а гостите останаа шокирани

Свадбената прослава на Робин Елис-Робсон доби сосема неочекуван пресврт кога на забавата се појави „полиција“ која бараше да го приведе таткото на невестата, оставајќи ги гостите збунети и во паника – само за неколку минути подоцна да откријат дека станува збор за прикриени пејачи. 31-годишната Робин од британскиот град Сандерленд, сакала нешто поразлично по што ќе ја паметат нејзината свадба па одлучила да ги измами своите пријатели и роднини со пејачи преправени во полицајци.

Полицијата влета среде свадба, невестата е главен осомничен, а гостите останаа шокирани

Невестата ги изненади сите со својата постапка – гостите од паника до воодушевување

Најблиските не знаеле, освен нејзиниот сопруг Арон и таткото Стивен, па гостите изгубија контрола кога невестата извика „не на мојот свадбен ден“ додека „полицајците“ го бараа нејзиниот татко. Толпата навистина поверува дека е вистинска акција – нејзиниот братучед дури почнал да вика и пцуе кон полицијата, додека други бараа да ги избркаат од салата. Но веднаш потоа еден „полицаец“ го зеде микрофонот и праша дали се подготвени за забава, по што почна песната „All You Need is Love“. Сите запеаја и заиграа, размахнувајќи салфетки и славејќи во атмосфера која ја крена целата сала. Робин откри дека замислата ѝ тргнала водушевувачки: „Сите беа во шок, но потоа беа полни со радост. Им беше најдобрата изненадувачка забава на која биле – сите го зборуваат тоа. Сакав нешто гламурозно и магично и мислам дека ја добив најфеертајл свадбата што ја посакував.”

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *