dmBio базна каша – брз, лесен и органски појадок за здрав почеток на новата година

Новата година е совршена можност за воведување здрави навики, а денот најдобро започнува со избалансиран и хранлив појадок. dmBio базната каша е практичен избор за сите кои сакаат брзо, едноставно и квалитетно решение. Содржи спелта и псилиум и е подготвена од 85 % интегрални житни снегулки, збогатени со јаткасти плодови и лушпи од псилиум.

Станува збор за органски производ, без додаден шеќер (содржи само природно присутни шеќери), погоден за вегани и е идеален како топол или ладен оброк, за појадок, ужина или лесна вечера. Нејзината неутрална основа овозможува бескрајни комбинации и прилагодување според личниот вкус.

Во продолжение ви предлагаме два едноставни и вкусни рецепти, подготвени со внимателно одбрани dmBio состојки, достапни во dm продавниците.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

 

Каша со кокос и сушени вишни

Во чинија или во сад за готвење, во зависност дали сакате јадењето да е ладно или топло, ставете dmBio базна каша и прелијте ја со dmBio напиток од кокос. Напитокот од кокос се одликува со освежувачки, егзотичен вкус, не содржи лактоза и глутен и е погоден за вегани. Нежно измешајте ја смесата за убаво да се соедини. Одозгора додадете крцкав чипс од кокос, кој внесува ароматична, егзотична нота и дополнителна текстура. За природна сладост, на крајот додадете сушени вишни без семки. Нивниот слатко-кисел вкус совршено се вклопува со кокосот и житарките, создавајќи балансиран и вкусен оброк.

 

Каша со агаве сируп, лешници и малина

Подготовката е иста како кај првиот рецепт: ставете базна каша, додадете напиток од кокос и измешајте додека не се соедини. Смесата засладете ја со органски агаве сируп, кој се одликува со интензивна, пријатна сладост и е идеален за мусли и житарки. Потоа додадете лешници од марката dmBio, природно богати со витамин Е, а на крајот заокружете го вкусот со овошен намаз од малина со 55 % овошје – совршен баланс помеѓу свежина и природна сладост.

Со dmBio базната каша, здравиот појадок станува едноставен, вкусен и инспиративен. Мал чекор во секојдневието што може да направи голема разлика во начинот на кој ја започнувате новата година.

За повеќе инспирација и идеи за здрав појадок, посетете ја веб-страницата на dm и откријте како малите промени можат да направат голема разлика во секојдневието.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *