Македонскиот политичар и Ѓаволот (виц)

Најкорумпираниот македонски политичар оди во пеколот. Политичарот не чека да го однесат некаде, туку веднаш пробува да се снајде и го прашува Ѓаволот:
– Шефе, може ли да ви предложам нешто? Јас цел живот работам во институции, може ли да ви бидам заменик?
Ѓаволот го одбива, но овој продолжува:
– А може ли да стојам овде на портата, да ви помагам?
Ѓаволот пак го одбива. Тогаш политичарот здогледува еден маж врзан за дрво и пред него една плавуша на колена и го задоволува.
Политичарот прашува одоколу:
– А ова колку време трае?
– 1000 години.
– Тоа би можел да го издржам.
Ѓаволот веднаш се согласил:
– Во ред, ќе ти ја исполнам желбата.
Оди Ѓаволот кај плавушата, ја тапка по рамото и ѝ вели:
– Можеш да престанеш сега, твојата замена пристигна!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *