Грк, Македонец и Бугарин ручале заедно на работа (виц)

Грк, Македонец и Бугарин работеле заедно на едно градилиште и заедно ручале. Со недели се повторувало истото. Гркот ќе ја отворел својата кутија за храна и пцуел:
„Гиро! Пак гиро! Цел живот истото! Колку го мразам ова гиро!“

Македонецот ќе ја отворел својата кутија за храна и пцуел:
„Ајвар со сирење! Пак ајвар со сирење! Цел живот истото! Колку го мразам овој ајвар со сирење!“

Бугаринот исто така ќе ја отворел својата кутија и пцуел:
„Сендвич со салама! Пак сендвич со салама! Цел живот истото! Колку ги мразам овие сендвичи со салама!“

Еден ден Гркот, пред да ја отвори кутијата, рекол:
„Ако пак имам гиро, ќе се убијам.“
Ја отворил кутијата — внатре гиро. Ја фрлил кутијата, се качил нагоре во зградата и скокнал од десеттиот кат.

Потоа Македонецот, пред да ја отворил кутијата, рекол:
„Ако пак имам ајвар со сирење, ќе се убијам.“
Ја отворил кутијата — пај ајвар со сирење. Ја фрлил кутијата, се качил нагоре во зградата и скокнал од десеттиот кат.

На крај Бугаринот, пред да ја отворил кутијата, рекол:
„Ако пак имам сендвич со салама, ќе се убијам.“
Ја отворил кутијата — внатре сендвич со салама. Ја фрлил кутијата, се качил нагоре во зградата и скокнал од десеттиот кат.

Неколку дена подоцна, трите вдовици се сретнале на погребот. Грчката вдовица во солзи:
„Не го разбрам ова. Секогаш мислев дека гирото му е омилено. Да кажеше само еден збор, ќе му спакував нешто друго.“

Македонската вдовица со плачење:
„Не го разбрам ова. Секогаш мислев дека ајвар со сирење му е омилено јадење. Да кажеше само еден збор, ќе му спакував нешто друго.“

Бугарската вдовица со плачење:
„Ни јас не го разбирам ова… Тој секогаш сам си го правеше сендвичот.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *