Чоколадни гриз коцки – совршен десерт за сите генерации
Кога немате време, но сакате нешто слатко и посебно, овие гриз коцки се спас за секоја домаќинка. Овој рецепт за колач без печење ќе ве освои со својот кремаст вкус и чоколаден изглед, а најдобро од сè – се подготвува брзо, со достапни состојки и без рерна.

Состојки за совршени гриз коцки
Потребно за колачот:
– 500 мл вода
– 500 мл млеко
– 20 г шеќер
– 20 бисквити
– 10 г чоколадо
Потребно за кремот:
– 1 литар млеко
– 4 пудинга од ванила
– 10 лажици шеќер (доколку сакате послатко, додадете повеќе)
– 150 г маргарин
– 200 мл слатка павлака
За чоколадна глазура:
– 15 лажици чоколадо
– 3 лажици масло
– 5 лажици маргарин
– 2 лажици шеќер во прав
– 5 лажици млеко

Чекор по чекор до највкусниот чоколаден крем
Прво пригответе гриз како темел – измешајте гриз со вода, млеко и шеќер, па варете додека не се згусне. Додадете изрендано чоколадо и мешајте додека не се стопи и смесата да стане целосно чоколадна. Половина од течната смеса ставете во сад за печење премачкан со масло.
За кремот, зовријте околу 700–800 мл млеко, а остатокот млеко измешајте со пудингот и шеќерот. Варете го на класичен начин, а потоа оставете да се излади. Во студениот пудинг изматете маргарин и слатка павлака. Намачкајте врз подлогата од гриз.
На крај, КОЛАЧОТ добро изладете го, па прелијте со глазурата што ќе ја спремите со топење чоколадо, масло, маргарин, шеќер во прав и млеко.


Коментирај анонимно