Veganuary во dm: омилените веган производи за вкусен и здрав почеток на годината

Јануари е месец кога многумина одлучуваат да направат мала, но значајна промена во својата исхрана. Veganuary е глобална иницијатива која инспирира сè повеќе луѓе да пробаат вегански начин на исхрана – од љубопитност, од грижа за здравјето или од желба за поодржливи избори. Во dm, Veganuary е одлична можност да се откријат нови вкусови и внимателно одбрани производи кои го прават секојдневието поедноставно и повкусно. Со асортиманот од dm марката dmBio, веганската кујна станува креативна, разновидна и секогаш поволна.
dmBio мелени лешници
Органски и внимателно печени, dmBio мелените лешници се идеален додаток за колачи, десерти, мусли или домашен леб. Нивниот богат и интензивен вкус совршено се вклопува и во слатки и во солени рецепти – мал детаљ што прави голема разлика во секоја кулинарска идеја.

dmBio чипс од наут со морска сол
Крцкава веганска закуска направена од органски наут и прстофат морска сол. Со 30% помалку заситени масни киселини во споредба со класичните чипсови од компир, овој производ е одличен избор за оние што практикуваат освестена исхрана, без компромис во вкусот.

dmBio интегрална овесна каша – Basis Porridge
Совршен почеток на денот за време на Veganuary. Оваа веганска каша, без додаден шеќер, содржи интегрални овесни снегулки, јаткасти плодови, псилиум и суптилна нота на бурбон ванила. Може да се подготви топла или ладна – за појадок, меѓуоброк или лесна вечера.

dmBio сируп од урми
Природна и ароматична алтернатива на шеќерот, направена од 100% органски урми. dmBio сирупот од урми нежно ги засладува напитоците и јадењата и одлично се комбинира со овесна каша, десерти или смути – мал чекор кон поизбалансирана веганска исхрана.

Veganuary не мора да значи откажување, напротив, може да биде откривање. Со dmBio, веганската исхрана е достапна, едноставна и инспиративна. Повеќе информации за веган производите од dm, може да пронајдете на нивната веб-страница.

Коментирај анонимно