Завршен испит за агенти на ЦИА (виц)
Во училиштето на ЦИА, тројца агенти полагаат завршниот испит.
Инструкторот му вели на првиот:
– Твојата девојка е во соседната соба. Еве ти пиштол. Имаш 30 секунди да ја убиеш!
По 30 секунди, човекот излегува од собата со својата девојка за рака, му го враќа пиштолот на инструкторот и вели:
– Жал ми е, не можам да го направам тоа!
На ред е вториот агент. Инструкторот му вели:
– Твојата свршеница е во соседната соба. Еве ти пиштол. Имаш 30 секунди да ја убиеш!
По 30 секунди, човекот излегува од собата со својата свршеница за рака, му го враќа пиштолот на инструкторот и вели:
– Жал ми е, не можам да го направам тоа!
На третиот агент, инструкторот му вели:
– Твојата сопруга со која си во брак 10 години е во соседната соба. Еве ти пиштол. Имаш 30 секунди да ја убиеш!
Човекот влегува во собата. Веднаш почнуваат кавги, се слуша трескање. По 20 секунди човекот излегува сам и му вели на инструкторот:
– Некој идиот ставил ќорци во пиштолот. Морав да ја убијам со столот!

Коментирај анонимно