Зошто овој остров во Шкотска е толку страшен што дури го нема ни на Google maps? Британка раскажува за нејзиното исксутво на местото наречено ‘Островот на Антраксот’
На западниот брег од Шкотска лежи напуштениот остров Груинард, место со мрачна историја кое денес го нема на ниедна карта. Во втората светска војна, британската војска таму извршуваше експерименти со антракс во 1942 година, што го направи островот опасно контаминиран и забранет за луѓе цели 48 години. Згора на тоа, островот и денес инспирира страв и мистерии.

Содржина:
- Островот Груинард – забранет и избришан од сите карти поради антракс експериментите од 1942 година
- Ели одлучила да се соочи со стравот и да ја истражи забранетата територија за која се врзуваат морбидни гласини и теории на заговор
- Со кајак до „Островот на Антраксот“: Суров пат низ пештери и карпи до место кое изгледа мирно, но носи ужасна историја
- Ниту трага од антракс, но доживеана е уникатна мешавина од убавина и морбидност. Островот крие повеќе приказни отколку што се гледа на површината
- Антракс: Биолошко оружје кое ги обедини Британија, Јапонија, САД, Русија и Ирак како најопасна закана во војна
- Употреба на антракс како оружје: Од масовни страдања во 30-тите години до смртоносни писма во САД во 2001 година
- Симптоми на антракс: Болеста се јавува брзо и има различни форми, но кожната инфекција е најчеста и најмалку смртоносна
- Во 2022 година, островот повторно во пожар – локалната жителка сведочи за сцена како од пеколот
Островот Груинард – забранет и избришан од сите карти поради антракс експериментите од 1942 година
Островот е долг само два километри и широк еден километар. По експериментите со антракс во 1942, британските воени власти го направија недостапен за луѓе. Дури во 1990 година, Министерството за одбрана изјави дека островот е конечно ослободен од смртоносната болест – но стравот од минатото остана.

Ели одлучила да се соочи со стравот и да ја истражи забранетата територија за која се врзуваат морбидни гласини и теории на заговор
Авантуристката ЕлиMarieTV, позната по своите истражувачки видеа, одлучи да посети остров кој „целосно е избришан од Гугл мапи“. „Сакам да најдам некој локален доволно луд за да ме однесе на овој остров, да видиме со свои очи дали може и денес да се види антраксот“, раскажува Ели. Таа зборува со неколку локални жители кои споделуваат разни теории и мистерии околу островот.

Со кајак до „Островот на Антраксот“: Суров пат низ пештери и карпи до место кое изгледа мирно, но носи ужасна историја
На крај таа наоѓа локалец, кајакарот Вил, кој се согласува да ја однесе. „После еден час кајакарење, конечно стасавме на задниот дел од островот“, раскажува таа. Иако исплашена, Ели вели: „Колку и да ме фаќа страв, можеби ова е единствената шанса да истражиме остров што е целосно скриен и избришан од светот, да провериме дали теориите на заговор се точни.“

Ниту трага од антракс, но доживеана е уникатна мешавина од убавина и морбидност. Островот крие повеќе приказни отколку што се гледа на површината
Стоејќи на каменливиот брег, Ели заклучува дека местото „не е ништо посебно чудно“ – нема знаци од антракс и ништо сомнително. „После истражувањата на овие забранети места со темна историја, всушност откривме неверојатни, но и морничави авантури.“
Антракс: Биолошко оружје кое ги обедини Британија, Јапонија, САД, Русија и Ирак како најопасна закана во војна
Антракс е потенцијално смртоносна болест предизвикана од спори на бактеријата Bacillus anthracis, кои може да преживеат децении во земја и вода. За оружје го користеле најмалку пет земји – Британија, Јапонија, САД, Русија и Ирак. Заболувањето може да се добие при допир, вдишување или голтање спорите, а најопасно е при вдишување: околу 80% од инфицираните умираат дури и при брза медицинска интервенција.
Употреба на антракс како оружје: Од масовни страдања во 30-тите години до смртоносни писма во САД во 2001 година
Прво како оружје го употребиле Јапонците во 1930-тите и намерно заразиле илјадници затвореници. Британските тестови на островот Груинард во 1942 го направија местото забрането речиси половина век. Во 2001 година, појавата на писма со антракс во САД предизвика паника: 22 лица беа инфицирани, а пет умреа. Истражувачот д-р Брус Ајвинс бил осомничен за нападите, но починал пред да биде обвинет.
Симптоми на антракс: Болеста се јавува брзо и има различни форми, но кожната инфекција е најчеста и најмалку смртоносна
Болеста се појавува 1 до 7 дена после изложеност (поретко по 2-3 месеци). Симптомите вклучуваат пликови, краток здив, дијареја – зависи како влегол во телото. Најчесто се јавува преку кожа (75% преживуваат без третман), а најмалку преживуваат ако е вдишан. Спорите можат да останат активни во почва со децении и ги заразуваат најмногу тревопасни животни: овци, говеда, кози.
Во 2022 година, островот повторно во пожар – локалната жителка сведочи за сцена како од пеколот
Во 2022, диви пожари го зафаќаат Груинард и се гледаат од копното. Според BBC, Кејт Гиринг и нејзината ќерка ги виделе страшните пламени при враќање кон рибарското село Аултби: „Сцената на огромниот пожар беше апокалиптична, изгледаше како оган од пеколот“, сведочи Гиринг.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно