Мигрант – херој спасува девојче во паркот (виц)
Еден човек си шета низ Централ Парк во Њујорк. Одеднаш, гледа како едно мало девојче е нападнато од бесно куче. Тој без размислување се стрчува и започнува жестока борба со кучето. Конечно, успева да го убие животното и со тоа да се спаси и себе си и да му го спаси животот на детенцето.
Полицаец бил сведок на ситуацијата, но како што обично бива, чекал од страна да се заврши. Потоа му се приближува на човекот, го тапка по рамото и му вели:
– Ти си херој! Утре во весниците ќе пишува: Храбар Њујорчанец спаси живот на дете!
Човекот му цели:
– Не, јас не сум Њујорчанец!
– Добро де, тогаш во весникот ќе пишува: Храбар Американец спаси живот на дете!
Човекот повторно одрекува:
– Јас не сум Американец!
Полицаецот го погледнува човекот, зачуден, и прашува:
– Па тогаш од каде си?!
– Јас сум Пакистанец.
Следниот ден насловот во весникот гласи:
„Исламски екстремист уби американско куче. Постојат сомнежи за врски со терористичка мрежа.“

Во New York пес неможиш да видиш на улица….ама затоа пак ,захваљујучи на Анима Дунди во НМК гла немој чоек да крени од пци по улици…епа цицајте
Коментирај анонимно