Камионџијата и малите вонземјанчиња (виц)

Камионџија си вози по патот, кога наеднаш крај патот гледа едно мало црвено човече. Застанува и го прашува:
– Што си ти?
– Јас сум црвено мало, геј човече од Венера и многу сум гладен.
Возачот изненаден рекол:
– Имам една кифла во камионот, еве ти ја изеди ја.
Му ја дал кифлата и продолжил понатаму. По некое време гледа крај патот едно мало зелено човече. Пак застанува и го прашува:
– Што си ти?
– Јас сум зелено мало, геј човече од Марс и многу сум жеден.
– Имам една Кока-кола во камионот, еве ти ја испиј ја.
Возачот продолжил понатаму и по некое време гледа крај патот едно мало сино човече.
Застанува и го прашува:
– Што сакаш од мене сино, мало геј човече?
– Возачката и сообраќајната ве молам!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *