Како се работи во Македонија (виц)

Марко ги однел чевлите на чевлар за да му ги поправи. Следниот ден, добил порака дека е примен да студира на престижен универзитет во Европа. Итно заминал за да се запише и да среди сè што е потребно за студиите. По дипломирањето, Марко почнал да работи во престижна компанија. Нашол прекрасна сопруга. 15 години подоцна, како турист ја посетил Македонија. Решил да ѝ ја покаже на сопругата населбата каде што пораснал. Минувајќи покрај чевларот, се сетил на чевлите што ги оставил денот пред да замине. Од љубопитност, влегол внатре и го прашал стариот мајстор за неговите чевли:
– Ги донесов на поправка одамна.
– Чекај, сега ќе проверам, рекол старецот.
– Се симнал во подрумот и одоздола извикал:
– Каква боја ти се чевлите?
– Жолти!
– Со кафеави врвки?
– Да!
– Ќе бидат готови во четврток…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *