Поповите никогаш не лажат (виц)

Една жена седела до поп во авион.
– Дедо попе – му рекла таа – може ли да ве замолам за една услуга?
– Секако ќерко, ако можам ќе помогнам.
– Си купив еден многу скап и добар женски депилатор, па мислам дека ќе треба да платам многу царина за него. Можете ли да го скриете под мантијата?
– Тоа не е проблем, проблем е што јас не можам да лажам, но ќе се обидам да ти помогнам.
Жената се подзамислила малку, па сепак му го дала депилаторот.
На аеродромот, царинскиот службеник го прашува попот дали има нешто да пријави.
– Немам ништо да пријавам од главата до половината, синко!- одговара попот.
Цариникот изненаден го прашува:
– А од половината надолу?
– Таму долу, имам уред за жени што никогаш не е користен.
Цариникот се насмел од срце и извикал:
– Следниот!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *