Заев им исполнува 3 жеби на децата (виц)

Три момчиња си шетале во градски парк во Скопје, кога наеднаш виделе човек како се дави во езерцето. Веднаш скокнале и го спасиле. На брегот, се испоставило дека човекот што го спасиле бил Зоран Заев. Заев бил пресреќен што не се удавил и им рекол на момчињата дека ќе им исполни по една желба на секое од нив.
Првото момче рекло:
– Сакам добар велосипед. Гледам еден со години, но моите родители немаат доволно пари.
Заев одговорил:
– Добро, утре една од моите секретарки ќе те однесе во продавница за велосипеди.
Второто момче посакало компјутер.
Заев одговорил:
– Добро, утре една од моите секретарки ќе те однесе во продавница за компјутери.
Третото момче рекло:
– Сакам да имам скап погреб.
– Чекај, премногу си мал за да размислуваш за умирање – му рекол Заев
– Да, – одговорило момчето – но кога татко ми ќе дознае дека те извлеков од езерцето, ќе ме убие.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *