Македонец отворил фризерски салон во Минхен (виц)
Еден Македонец отворил фризерски салон во Минхен. Првиот што дошол кај него бил комшијата месар од соседниот дуќан.
– Колку чини шишањето?
– Нема да чини ништо. Ти си ми комшија и прв муштерија.
Следното утро тој гледа кеса со 10 колбаси пред берберницата.
– Колку сум должен, комшија?
– Не треба ништо. Комшии сме, а и ти вчера ми направи супер фризура бесплатно.
Вториот ден доаѓа вториот комшија, пекарот.
– Колку чини шишањето?
– За тебе е бесплатно, па нели сме комшии со дуќаните.
Наредното утро гледа 10 векни леб пред продавницата.
– Колку чинат, комшија?
– Не треба да плаќаш ништо. Вчера ти бесплатно ми ја истрижа косата?
Третиот ден, доаѓа еден Македонец.
– Колку чини шишањето?
– Нема да чини ништо. Ние сме Македонци, земјаци! Фризурата ќе ти биде гратис од мене.
Доаѓа на работа следниот ден и гледа пред берберницата 10 Македонци…

Коментирај анонимно