Вистинска „Pretty Woman“ приказна: 46-годишна поранешна секс-работничка се омажи за својот милионер клиент (77) и го шокираше неговото семејство

Адисон Џејмс, 46-годишна поранешна секс-работничка, открива како од сиромаштија се најде во луксуз, стапувајќи во брак со својот милионер клиент, во приказна речиси идентична на познатиот филм „Pretty Woman“ од 1990 година.

Вистинска „Pretty Woman“ приказна: 46-годишна поранешна секс-работничка се омажи за својот милионер клиент (77) и го шокираше неговото семејство

Од морнарка и козметичарка до актерка во филмови за возрасни

Адисон, дала заклетва како свежа матурантка во американската морнарица поради тоа што не можела да си дозволи факултет. Пет години служела на различни локации, како базата на Дијего Гарсија и на воениот брод USS Nimitz. Подоцна станала козметичарка, но кога продуцент на филмови за возрасни ја контактирал на социјалните мрежи, одлучила да ја прифати новата, возбудлива и потенцијално профитабилна кариера.

Од морнарка и козметичарка до актерка во филмови за возрасни

Гласините за богатство се мит – живот од ден за ден и борба за опстанок во индустријата за возрасни

Иако за една сцена заработувала и до 1.200 евра, реалноста била далеку од финансиска слобода. „Ако работиш 12 часа, добиваш нешто повеќе од стотина евра по саат за твоето време. А потоа плаќаш агенциски такси, тестирања за сексуално преносливи болести, патувања, сместување… одржување на возилото, облека и коса, да имаш соодветен изглед.“ По сите трошоци, на крај знаела да остане само со 400 евра во џеб.

Гласините за богатство се мит – живот од ден за ден и борба за опстанок во индустријата за возрасни

Тешки моменти: Без пари, без дом – борделот како последна сламка за спас

Кога дискусна хернија ја спречила да работи, финансискиот пад ја натерал Адисон да се пресели кај пријател за да заштеди на кирија, но по расправија станала бездомна. Како последна опција, заминала да работи во познатиот бордел Sheri’s Ranch покрај Лас Вегас, барајќи „безбедно место за престој“. „Првата недела кога ми требаа пари, заработив нула долари…“, се присетува Адисон.

Тешки моменти: Без пари, без дом – борделот како последна сламка за спас

жКлиент плаќа 23.000 евра и го нуди својот свет на љубов и удобност

По еден месец работа, Адисон добила е-маил од Џим, пензиониран инженер кој не бил интимен со жена откако му починала сопругата. Џим одбрал легален бордел за да се чувствува побезбедно и ја одбрал Адисон поради нејзиниот изглед и наративот. Првата вечер се претворила во две ноќи, а Џим платил 23.000 евра за нејзиното време: „Да бидам искрена, многу повеќе зборувавме и се запознававме.“

жКлиент плаќа 23.000 евра и го нуди својот свет на љубов и удобност

Среќата не познава години: 31 година разлика – заедничка воена врска и почеток на романса

Иако имале 31 година разлика и двајцата биле ветерани, веднаш пронашле заеднички јазик. „Првата вечер спомнав дека сакам да направам операција на градите, а втората тој рече: ‘Би сакал да ти платам за тоа, без никакви обврски.’ Го видов дека е искрен во очите.“

Среќата не познава години: 31 година разлика – заедничка воена врска и почеток на романса

Од одлуки до голем пресврт: Предлог за брак, нов дом и живот полн луксуз

Откако Џим јасно и кажал дека сака да ја ожени и ќе се грижи за неа, Адисон ја напушта работата во борделот. Но, и натаму каде да живее… Џим ја изненадил така што и купил нова куќа во Аризона, во нејзино име, и ги покрива сите трошоци. „Исто така ми купи нов BMW“, кажува Адисон. Само два месеци по запознавањето на Sheri’s Ranch, тие се венчаа.

Од одлуки до голем пресврт: Предлог за брак, нов дом и живот полн луксуз

Конзервативно семејство го прифаќа новиот почеток: Поддршката од синовите на Џим

„Тој оди во црква“, објаснува Адисон. „И има двајца повозрасни синови, и двајцата се целосно поддржувачки. Се сретнав со едниот… На крајот на денот, тие само сакаат нивниот татко да биде среќен.“

Професијата не престанува: Адисон и натаму работи во индустријата за возрасни и тоа не е проблем за бракот

„Едно од најубавите нешта кај Џим е што не бараше да се откажам од порното. Можам да престанам утре ако сакам, немам никакви грижи, но навистина уживам во мојата работа.“ Иако уште спие со други мажи поради работата, се опишува како во моногамен брак: „Тој сака да ме направи среќна и е подготвен на сѐ.“

Од порнографска слава до борец за ветераните: Новата мисија на Адисон и порака до хејтерите

Сега, со својата слава како ѕвезда за возрасни, Адисон се надева дека ќе помогне за подигнување на свеста за менталното здравје на ветераните. „Ако градиме убави VA болници, да ги исполнуваме со фантастичен медицински кадар“, вели таа. А кон сите што ја нарекуваат „спонзоруша“ – „Не бидете лути што и вие не можете ова да го имате. Со пријателите и семејството нема негативност. Тој е љубовта на мојот живот.“
Да, ќе ве замолиме не се лутете што не можете да го имате овој 77-годишен дечко.

Од порнографска слава до борец за ветераните: Новата мисија на Адисон и порака до хејтерите

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *