Адвокатот и плавушата (виц)

Еден адвокат седел во воз спроти една плавуша. Му било досадно и ја прашал дали сака да играат една забавна игра. Таа била уморна и сакала да спие. Адвокатот не се откажал и ѝ објаснил дека играта не само што е забавна, туку и многу лесна:
– Јас поставувам прашање и ако не го знаете одговорот, ми плаќате 100 денари, а ако јас не го знам одговорот, јас ви давам 100 денари.
Плавушата одбила и го спуштила седиштето за да спие. Адвокатот бил упорен и предложил:
– Добро, ајде вака ќе направиме. Ако не го знаете одговорот, ми плаќате 100 денари, ама ако јас не го знам одговорот ви плаќам 100 евра!
Тогаш плавушата се согласила. Адвокатот го поставил првото прашање:
– Колкаво е растојанието од Земјата до Месечината?
Плавушата мирно ја извадила чантата и без збор му дала 100 денари.
– Благодарам, – рекол адвокатот. – Сега вие сте на ред.
Плавушата го прашала:
– Што е тоа што оди нагоре по планина со три нозе, а се враќа надолу со четири?
Адвокатот се збунил. Го извадил лаптопот, праќал пораки на колеги, пребарувал по интернет, се консултирал со бази на податоци и библиотеки — но залудно. По еден час се откажал и ѝ дал на плавушата 100 евра.
– Фала, – рекла таа и си ги ставила парите во чантата.
Но адвокатот, фрустриран, ја прашал:
– Добро, а кој е одговорот на прашањето? Што е тоа што се качува со 3 нозе, а се симнува со 4?
Плавушата извадила од чантата 100 денари и му ги дала.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *