Бонбоните M&M’s повлечени од полиците во 20 држави поради скриена состојка опасна по живот

Над 6.000 вреќи препакувани М&M’s беа итно повлечени од полиците во 20 држави на САД, откако излезе на виделина дека производот носи смртоносен ризик за милиони луѓе со алергии, поради невидливо присутни алергени за кои не е дадено никаков предупредување.

Бонбоните M&M's повлечени од полиците во 20 држави поради скриена состојка опасна по живот

Пакувањата содржат млеко, соја и кикирики без воопшто да се означи

Американската агенција за храна и лекови (FDA) соопшти дека компанијата Beacon Promotions Inc пропуштила да стави задолжителни предупредувања за алергени на паковањето. Иако самите М&M’s содржат млеко, соја и кикирики, овие состојки воопшто не биле наведени на надворешната амбалажа, со што биле изложени луѓето со алергии на сериозен ризик од фатална реакција.

Пакувањата содржат млеко, соја и кикирики без воопшто да се означи

FDA го класифицира повлекувањето како втора класа: Опасност од привремени но и тешки последици

Откако компанијата иницираше повлекување на 26 јануари, FDA на 4 февруари го класифицираше како „Class II“. Ова значи дека производот може да предизвика привремени или медицински реверзибилни последици врз здравјето – но иако ризикот од сериозна трајна повреда е мал, опасноста е реална за милиони луѓе со алергии.

Милиони Американци во опасност

Околу шест милиони Американци имаат алергија на кикирики, додека приближно 1,9 милиони имаат алергија на соја. Алергијата на млеко погодува околу шест милиони луѓе. За овие лица, контактот и најмала количина од овие состојки може да доведе до уртикарија, отоци или смртоносен анафилактичен шок, кој може да ги затвори дишните патишта и да биде фатален за неколку минути.

Повлечените производи беа дистрибуирани во Алабама, Аризона, Калифорнија, Флорида, Ајова, Канзас, Кентаки, Мериленд, Масачусетс, Минесота, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Вирџинија, Вашингтон и Висконсин.

Млеко, соја и кикирики можат да бидат фатални и кај возрасни и кај деца

Кај алергијата на млеко, телото ги препознава млечните протеини како сериозна опасност – истурајќи хистамин и други молекули што можат за неколку минути да предизвикаат уртикарија, повраќање, отежнато дишење, оток на лице и смртоносен пад на крвниот притисок.
Кикириките се меѓу најопасните алергени: дури и најмал контакт, па и преку кожа или воздух, може да предизвика брз анафилактичен шок – осип, отежнато дишење, пад на притисок и гушење.
Алергијата на соја може да донесе осип, чешање, дигестивни тегоби, но и тешка реакција кај подложните. Соја се среќава во илјадници прехранбени и не-прехранбени производи, што значително го зголемува ризикот за алергичните лица, како кај деца така и кај возрасни.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *