Индија ѝ подарила слон на Македонија (виц)
Индија ѝ подарила на Македонија слон. Мицкоски веднаш назначил комисија за да утврди што ќе биде потребно за слонот, за да се чувствува како дома. Комисијата назначи доверливи членови на партијата да го одржуваат местото одредено за слонот, хигиеничари, ветеринари, луѓе за контрола на храната на слонот, луѓе за контрола на изметот на слонот, службеници во архивата, биограф на слонот… И накратко, како што обично се случува кај нас, се создала вредна администрација од 250 луѓе.
Поминала една година и Мицковски решил да го посети слонот.
Оди тој во зоолошката, каде е слонот, тука е, таму е… не знаеме… на крај се испоставило дека слонот никаде го нема.
Мицкоски го прашува чуварот:
– Ти си чувар и ти треба да знаеш каде е животното.
– Па, умре уште во втората недела, господине премиере. Промената на климата не му одговараше.
Мицкоски отишол во администрацијата на Комисијата за слонови и што да види – сите работат на максимум, документи се носат од една канцеларија во друга, глава не можат да кренат.
– Вие сопартијци, што правите тука откако слонот умре? – прашал Премиерот.
– Жив, мртов – сеедно, документацијата е истата, а ние кога работиме, работиме.

Коментирај анонимно