Македонец, Американец и Канаѓанин на натпревар за машкост (виц)

Се одржува меѓународен турнир за машкост. Задачата е следнава. Голема бела ајкула е пуштена во голем базен, а натпреварувачите мораат да се борат со неа без оружје.
Коментаторот започнува:
– Драги гледачи, пред вас е претставникот на САД. Тој има многу искуство со опасни животни. Во Флорида, се бореше со алигатори и анаконди! Скокна во водата! Краток улов! Малку крв! И… штета! Беше добро момче!
Следен е претставникот на Канада. Тој има многу искуство со опасни животни. Во древните шуми, се бореше со волци и гризли мечки! Скокна во водата! Краток улов! Малку крв!
И… штета! Беше добро момче!
Последен е претставникот на Македонија. Тој нема искуство со диви животни и одвај знае да плива. Но, кога слушнал дека натреварот е ЗА МАШКОСТ, веднаш се пријавил. Како и да е, да го видиме неговиот настап. Скокна во водата!
Краток улов! Малку крв!
И… не е можно! Изгледа дека крвта е од ајкулата!
Таа паничи и се повлекува на другиот крај од базенот!
Новинари од сите светски медиуми трчаат наоколу со микрофони и камери. Да видиме кои ќе бидат првите зборови на нашиот херој!
Македонецот излегува од базенот смеејќи се од уво до уво и им намигнува злобно на новинарите:
– Абе мрсници! Зошто не ми кажавте дека ајкулата е девица, а?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *