Бајадера без шеќер и брашно, што не се пече – совршенство со секое залче
Заборавете на традиционалните рецепти полни со шеќер и брашно – оваа варијанта на бајдера ви носи само чиста и здрава енергија, и тоа без термичка обработка! Совршен десерт кога ви се јаде нешто слатко, но сакате да останете во форма.

Содржина:
Потребни состојки: урми, кикирики, какао, цимет и кокосово масло
1 шолја ситно сечкани урми без семки
1 шолја ситно сечкани пржени кикирики
1 лажица какао во прав (по желба)
½ лажичка цимет (по желба)
1 лажица кокосово масло или путер од кикирики
Едноставна подготовка: се што ви треба е блендер и малку време
Ставете ги урмите, кикирики, какао, цимет и кокосово масло или путерот од кикирики во процесор за храна или блендер и измиксајте додека не добиете леплива смеса налик тесто.
Од смесата оформете мали топчиња и наредете ги во плех со хартија за печење. Оставете ги во фрижидер најмалку 30 минути за да зацврстат и уживајте без грижа на совест!
Корисни совети: како да го збогатите вкусот и чувате десертот свеж
За уште побогат вкус, додајте кокосови снегулки, чиа семе или малку екстракт од ванила. Чувајте ги топчињата во херметички затворена кутија во фрижидер најмногу до 7 дена.

Коментирај анонимно