Бугарскиот комбајнер што жнеел во Македонија (виц)

Комбајнерот Пешо од Бугарија, решил да оди со комбајнот во Македонија, да жнее еден месец, а жената и синот ги оставил сами дома. На излегување на синот кришум му рекол:
– Сине, ако видиш некој непознат чичко да доаѓа кај мајка ти, тргни една штица од оградата.
Поминал еден месец, се враќа Пешо во Бугарија, гледа оградата цела. Среќен влегува дома и го пречекува жена му.
– Па жено, како се снајде без мене?
– Многу ми недостигаше. Сѐ друго си беше во ред, само некој идиот ги украде сите штици од оградата, па морав да ја менувам цела пред да се вратиш.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *